Кими сака чисти викенди за уште подобри трки

Кими Раиконен смета дека Алфа Ромео може да има уште подобри резултати оваа сезона ако има чисти викенди и безгрешно остварување на деталите кои се договараат пред трката.

Финецот освои поени на првите три тркачки викенди сезонава и е на само еден поен од Пјер Гасли, возачот на Ред Бул, во моментов. Сепак, возачот е свесен дека швајцарците можат и повеќе доколку ги избегнат проблемите од тренинг сесиите кои им ги загрозуваа квалификациите оваа сезона.

Во Кина, Антонио џовинаци ја пропушти првата тренинг сесија поради грешка во инсталацијата на моторот, а во Бахреин италијанецот и Кими пропуштија голем дел од тренинг сесиите поради проблем со ладењето.

мислам дека на трките сме добри, но стартуваме подалеку одошто можеме. треба да имаме чисти саботи и тренинг сесии за да се осигураме дека се е како што треба. на тој начин можеме да бидеме посилни затоа што брзина имаме, но на стартот се трудиме да ги стигнеме оние пред нас затоа што стартуваме од пониски позиции – смета Раиконен.

Иако три пати на првите три трки сезонава финишира во поени, финецот не е задоволен од постигнатото и е свесен дека може повеќе.

секогаш сакате повеќе, но тоа е резултатот и мојата желба не може да промени ништо. ако го максимизираме потенцијалот во текот на викендот можеме да имаме посилни резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ