Кими смета дека со помалку податоци ќе има подобар спорт

Кими Раиконен смета дека Формула 1 би била многу повозбудлива доколку се ограничи количеството на податоци кои екипите и возачите би ги имале на располагање за анализа.

Со повеќе од 300 Гранд При трки зад своето име, 39-годишниот финец е најстар и најискусен возач на гридот, а има договор кој го обврзува на верност кон Алфа Ромео и следната година.

на долг ток тоа што ќе се случува со формула 1 не е моја работа затоа што нема да бидам дел од тркачката серија, ќе гледам на телевизија и на тој начин ќе го пополнувам моето слободно време.

но, ако сега ме прашате, дефинитивно би променил многу работи. доколку е возможно, може да се отстранат сите тие анализи на податоци. ако не го сетирате болидот со помош на толку многу податоци, ќе се врати возачот во игра и неговите квалитети ќе направат разлика – смета кими.

Финецот смета дека Наскар, американската серија каде Раиконен се тркаше во 2011 година кога не беше дел од Формула 1, е одличен пример за помалку телеметрија која носи подобро тркање.

тркањето на овали изгледа многу едноставно, но вистината е дека е далеку од тоа.

тоа почисто тркање. ако сфатите дека не сте доволно брзи, можете да зборувате со тимот, но на крајот сами мора да донесете заклучоци. во формула 1 податоците кажуваат се што треба да се промени за да бидете побрзи.

доколку треба да си најдете самите сетап на болидот без да гледате во компјутер, тогаш ситуацијата ќе биде комплетно разчина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ