Кими целосно посветен на Алфа Ромео

Врската помеѓу Кими Раиконен и Алфа Ромео функционира извонредно, а финецот бара многу од тимот за да стигне до следното ниво.

По пет сезони во Ферари, Раиконен премина во Алфа Ромео откако Скудерија реши да го земе младиот Шарл Леклер кај нив. Кими не требаше да бара многу и веднаш доби двегодишен договор со тимот од Хинвил.

Ф1 ветеранот имаше добар старт на сезоната со Алфа и собра 31 поен, а неговиот шеф Фредерик Васур е задоволен од прикажаното.

Предноста на Кими е бидејќи тој пред да потпише имаше неколку часовни дискусии со тимот за тоа што треба да се поправи. Сега имаме отворена дискусија за ситуацијата во тимот. Мислам дека тој не е изненаден и затоа немаме проблеми. Тој е целосно посветен на проектот. Не знам за минатата година во Ферари но тука тој е перфектен.

Многу прашања се појавија за посветеноста на Раиконен кон Ф1 во минатото и дали тој ги намалил своите стандарди со враќање во тимот каде тој дебитираше.

Најважно за мене е што тој е посветен. Посветеност значи да е присутен во фабриката и да ги притиска момците. Тој многу бара и ние сакаме тој да е релаксиран.

Сакаме некој да притиска за резултати. Сакам човек како него во тимот. Ова е добра ситуација за инжинерите и тоа е важно. Тој разбира дека не е во Ферари или Мерцедес и не може да се поправи се за две недели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ