Клер Вилијамс огорчена од ветото на Ферари

Клер Вилијамс смета дека е глупаво и нема никакви смисла Скудерија Ферари да има право на вето во однос на Формула 1 правилата и очекува тоа право да исчезне со новиот Конкорд договор од 2021 година.

Иако раководењето со тркачката серија е демократски проес кој често бара согласност од сите при промена, најтрофејниот тим кој од самиот почеток е дел од тркачката серија има право на вето неколку децении.

За време на минатиот тркчки викенд, шефот на Ферари Матиа Биното изјави дека е оптимист оди Ферари ќе го задржи правото на вето за свое добро, но и за доброто на сите екипи и спортот во целост.

тоа што го кажа биното е глупаво да бидам искрена. јас имам проблем со спортот што смета декае преголема демократијата и отворено сум го кажала тоа. мислам дека формула 1 и фиа треба повеќе по сопствен осет да ги кројат правилата. сакаме многу колегијалност што е тешко за постигнување затоа што сите имаме свои цели.

треба да го разгледаме спортот и неговата одржливост во иднина и да го штитиме јадрото односно днк-та на серијата. правење на тоа со комитет е многу тешко и мислам дека никој не треба да има право на вето. тоа за мене нема смисла – јасна е клер вилијамс.

На нејзиниот коментар се придодаде и Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул:

ветото може да го гледате на два начини, еден вид на безбедносна мрежа затоа што тие ги претставуваат екипите, но во исто време се претставуваат и самите себе. веројатно ако земеме чист лист хартија ќе има смисла вето да не постои, како што вели клер, исти правила за сите.

Од друга страна, шефот на Рено и првиот човек на Мекларен сметаат дека челниците на спортот треба да најдат друг начин да го почитуваат исориското во Ферари.

формула 1 треба да биде прогресивна, а не дефанзивна. способноста да се блокираат процеси кои може да бидат позитивни за спортот не е добра. ние ја знаеме вредноста и придонесот на ферари во спортот која може да се вметне во комерцијалниот договор, но не и во раководењето – смета абитебул.

добро е што биното се понуди да ги застапува и нашите интереси, но нашите интереси не се еднообразни. најдобро е да имаме индивидуални преговори кога е тоа можно, а значењето на ферари да се испочитува на друг начин – посака зек браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ