Кој возеше најбрзо во Сочи ?

Руски Сочи не е патека која бара многу од моторот, но има два долги правци на кои се постигнуваат големи брзини кои се одлични места за претекнување. Општо е тврдењето дека моторите на Ферари се најмоќни, а пакетот доминира на правците, но сепак Шарл Леклер и Себастијан Фетел не се помеѓу оние кои возеле најбрзо на вчерашните квалификации.

Кругот на Леклер за пол позиција беше фантастичен, но во истиот имаше постигнато 14та брзина по вреднос со околу 8 кмч побавно на правецот од Ленс Строл од Рејсинг Поинт со мотор на Мерцедес.

Веројатно дека намалувањето на максималната брзина е поради последните аеродинамички новини на СФ90 болидот од Маранело со кои слабостите во кривинтие се целосно анулирани, а потисна сиал им а се повеќе, а со тоа и драг.

Луис Хамилтон имаше второ време на квалификации и тврдеше дека Ферари има авионска брзиан на правците, но тој беше само половина километар на час побавен од нив на правецот.

Логиката вели дека Матиа Биното е во право кога открива дека аеро пакетот ја прави разликата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ