КРУГ.МК номиниран во 3 категории за Сајт на Годината – Како да гласате?

Вашиот прв избор за Формула 1 и моторспорт вести е повторно номиниран и годинава на манифестацијата “Сајт на Годината“ и тоа во три категории: Најдобар Сајт за Вести и Информации, Најдобар Спортски Сајт и Најдобар Сајт за Автомобилизам. Линкот за гласање е подолу во текстот!

Во изминатите години постојано инвестираме во подобрување на содржината, на функционалностите и на целиот портал севкупно. Преку социјалните мрежи секогаш ги земаме во предвид сите коментари, сугестии и предлози со цел подобро информирање и подобро Ваше искуство при преглед на објавената содржина. Таа подршка овозможи да бидеме избрани за Најдобар Сајт на Годината за Автомобилизам во 2017 година.

На почетокот на 2018 година, фановите на Формула 1 во Македонија се соочија со голем проблем бидејќи не беа обезбедени правата за ТВ пренос на “Врвот на Моторспортот“. КРУГ.МК беше единствениот ентитет кој преку својот профил на социјалните мрежи ја започна иницијативата “#СакамДаГледамФормула1воМакедонија“. Нашите апели беа споделени и прегледани помеѓу илјадници од вас. Не велиме дека ние сме должни за пренос на спортот, за тоа се должни од ТВ24 и ја поздравуваме нивната одлука, но сакаме да мислиме дека игравме некаква улога во поттикот да се донесе таа одлука.

Во текот на годината, несебично и во рамки на нашите можности допринесовме и до промоција на Македонскиот моторспорт, односно кружните и ридско-брзинските трки ширум Македонија, а со истите активности ќе продолжиме и во 2019 година.

Ви благодариме на вашата подршка, се надеваме дека повторно ја заслуживме и оваа година и дека ќе ја покажете истата преку гласање за Сајт на Годината. За 2019, ви ветуваме уште многу новини на КРУГ.МК

Како да гласате?

За да го дадете својот глас во секоја од категориите, посетете го долу прикажаниот линк. Треба да се пријавите со Вашата е-пошта за да можете да гласате. Откако ќе се пријавите, на Вашата е-пошта ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш.

Гласајте Тука!

Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по деветти пат оваа година.

Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ