Кубица: Вилијамс ги преминаа границите

Роберт Кубица се пожали на тимот на Вилијамс откако тие го отстранија неговото предно крило и смета дека со тоа тие ги преминале границите. Двајцата возачи, Роберт Кубица и Џорџ Расел, го пробаа новото предно крило на тренинзите во Петокот.

Полјакот беше задоволен од тоа и го задржа крилото и на вториот тренинг, но за квалификациите Вилијамс се одлучија да го променат. Тој излета во неговиот загревачки круг и стартуваше од боксот со нова шасија.

Петокот беше одличен За прв пат по долго време. Подоцна го променивме предното крило и Не требаше да биде подобро, Но мојот болид беше подобар.

од непознати причини тоа крило беше отстрането од мојот болид пред квалификациите.

имавме многу време за размислување во саботата. Тајфунот помина и не беше поврзано со патеката, но има друга причина. Ова утро имав време да размислам и мислам дека ги поминаа границите – објасни кубица

Од тимот се правдаа за одлуката.

Како и секогаш, најефикасна стратегија пред секоја трка е да се направат промени кога е потребно. новото предно крило беше за тест и ќе се вози на трка понатака.

Откажувањето на саботниот тренинг во комбинација со ветровите не натера да донесеме одлука да не го користиме новото крило да не има штета за наредниот тест во Мексико. Тоа се покажа како правилна одлука.

На крајот од тркачкиот викенд, Роберт Кубица е задоволен од работата на механичарите по сударот на квалификациите.

Момците завршија одлична работа и тоа не е прв пат оваа година. Ова е тежок период. Даваме се од себе во тешка година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ