Кубица и Вилијамс се разделуваат на крајот на сезоната

Иако беше едно од најинтересните враќања во спортот, полјакот Роберт Кубица ќе си замине од Вилијамс на крајот на сезоната.

Донесов одлука дека нема да продолжам со Вилијамс по крајот на оваа сезона.

Одлуката ја донесов поради интересни шанси и сценарија за мене во иднината.

Секако би сакал да останам во спортот, но не по секоја цена.

Оваа сезона беше тешка во однос на перформанси. Да се вратам во Формула 1 по долго време не е лесно посебно во ваква тешка ситуација, Но му посакувам на тимот светла иднина – изјави кубица.

Шефот на Вилијамс, Клер Вилијамс за одлуката на Кубица изјави.

Би сакал да му се заблагодарам на Робер за напорната работа и ја почитувам неговата одлука.

Тој е важен член на тимот и Му се заблагодаруваме за неговиот труд и напорната работа оваа сезона и му посакуваме успех во иднина.

Со заминувањето на Кубица се отвора место за тест возачот на Вилијамс, Николас Латифи и за поранешниот возач на Вилијамс Нико Хулкенберг кој е слободен за наредната сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ