Кубица: На Вилијамс ќе му треба време да успее

Роберт Кубица изјави дека ќе биде потребно време Вилијамс да се поправи и да направи резултат. Тимот ја има најлошата сезона во последните 40 години и сеуште нема излезено од К1 на квалификациите, а нема освоено нити поен годинава.

Техничкиот шеф Пади Лоув по тестирања пред сезоната зема неплатен одмор и минатиот месец си даде оставка на функцијата.

Во моментов Вилијамс е без технички шеф, а негови заменици се главниот дизајнер Даг Меккирнан, шефот на дизајн Адам Картер и инженерот на патека Дејв Робсон.

Не би сакал да одам во детали но дефинитивно има сеуште работа во фабриката. луѓето од топ менаџмент прават одлуки за реструктурирање, а За тоа треба време.

Дефинитивно кога гледате луѓе како си заминуваат и се ослободуваат места, време е за преструктурирање, но ние мора да продолжиме со работа на тимот.

Дефинитивно има многу работи кои се случуваат и тоа е нормално за Формула 1. Мислам дека никој не мирува, Сите се обидуваат да извадат максимум од болидот, а ние сме во тешка ситуација каде треба напорно да се работи. Единствен пат е да се поправиме но не треба да се очекуваат чуда.

Кубица подвлече дека Вилијамс нема да остане заробен во минатото и сака да успее во иднината.

Имаме голема почит кон постигнатото, но треба да гледаме кон иднината, тоа е приоритет. Нема да имаме предност само поради историјата но треба да работиме за иднината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ