Кубица пробува “се и сешто“

Разочараниот Роберт Кубица вели дека пробува се и сешто во обид да ја подобри својата ситуација по уште една тешка трка во 2019 година.

Кубица се врати во Формула 1 со Вилијамс годинава, по 8-годишна пауза, но се мачи со перформансите на неговиот болид.

Полјакот сеуште немал подобри квалификациите од својот колега Џорџ Расел и е поразен од тимскиот колега во сите освен една трка во сезонава.

Тешко е да се коментира кога завршувате со 3 кругови заостанување и скоро еден круг позади својот тимски колега. Коментарите се исти како и секогаш.

Се лизгам насекаде … Ставам премногу притисок над пневматиците, немам грип и дури и кога ќе се обидам да го одржам темпото, тоа можам само во текот на 2 или 3 кругови, а потоа пневматиците се прегреваат, се лизгам.

Се лизгав дури и во свиокот 7 кој се поминува со петта или шеста брзина. Може да замислите дека е премногу тешко да се извлече нешто кога се лизгате и пневматиците деградираат.

Кога и да има повеќе лизгање, возите побавно и мора да возам за да не ги лизгам.

Се обидувам се да направам. Не е прв пат да сум во ваква ситуација. Не е дека не се обидувам. Едноставно ми недостасува грип и во услови кога е толку жешко има големо прегревање и се лизгам уште повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ