Кубица ја појасни својата иднина со Вилијамс

Роберт Кубица не ја исклучува можноста да си замине од Вилијамс на крајот на сезоната, дополнувајќи ги коментарите од неговиот полски спонзор, нафтениот гигант ПКН Орлен.

Неверојатното враќање на Кубица во Формула 1 по 8-годишна пауза се покажа како тешка задача. Иако перформансите на 34-годишниот возач се во сенка на очајната форма на Вилијамс, Роберт исто така е надигран и од неговиот тимски колега во секоја трка, дебитантот и актуелен Формула 2 првак, Џорџ Расел.

Спонзорот на Кубица, кој му помогна да го обезбеди местото во Вилијамс, истакна дека се е можно во однос на иднината на возачот.

Што ќе се случи со мене следната година нема да зависи само од мене. Ќе видиме кои можности ќе се појават и што може јас да направам. Не гледам прашалници, но можеби ќе има компромис доколку не се испорачаат очекуваните перформанси.

Не велам дека тоа е случајот сега, но може да дојде до таа ситуација.

Во овој момент, не сум фокусиран на иднината. Го живеам мојот живот, некои работи сум ги направил подобро од други, но не е дека нема да продолжам.

Прерано е во сезоната да се каже повеќе, освен дека не зависи се од мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ