Кубица ќе почне од боксот

Роберт Кубица ќе ја почне Големата награда на Белгија од боксот откако неговиот мотор на Мерцедес откажа на почетокот на вчерашните квалификации, а Вилијамс променија мотор, менувач и задно крило.

Полјакот го предизвика првото црвено знаме на Спа откако застана крај патеката со густ чад од неговиот мотор и без шанса дакомплетира круг. Вилијамс направија промени на менувачот, моторот со внатрешно согорување, турбо полначот, топлинскиот МГУ-Х како и задното крило. Промените под Парк ферме правилата значат дека трката ќе мора да ја почне од боксот.

сите променети делови се различни од оние кои оригинално беа користени, а промена беше направена и на сетирањето на суспензијата на болидот број 88 што ќе значи пстарт од боксот за тој болид согласно правилата – изјави џо бауер, техничкиот делегат на фиа.

Роберт е 8от возач со казни во пресрет на стартот викендов поради промена на делови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ