Ландо Норис ќе биде менаџиран од Мерцедес ?

Возачот на Мекларен, младиот британец Ландо Норис, во иднина ќе биде менаџиран од Мерцедес, откако во Сочи, Мекларен објавија дека ќе преминат од Рено на Мерцедес мотори во 2021 година.

Според италијанските медиуми, договорот бил преговаран со Хоратио Инвестменст, а таа компанија е основана од таткото на Ландо Норис. Според биографијата на Адам Норис, компанијата инвестира во лични интереси како Формула 1 и комерцијални имоти.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ландо Норис ќе биде менаџиран од Мерцедес и Тото Волф.

Во моментов сеуште никоја страна Мерцедес, Мекларен или Хоратио Инвестментс немаат изјава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ