Латифи во болидот на Расел во Франција

Лидерот во Формула 2 поредокот во моментов, канаѓанецот Николас Латифи, ќе добие нова шанса во Формула 1 болид откако Џорџ Расел ќе му го отстапи својот ФВ42 болид на Вилијамс за првата тренинг сесија во Петок на Пол Рикар.

Латифи е поранешен тест и развоен возач во Рено и Форс Индија, а сезоната почна да соработува со Вилијамс и е нивни резервен возач во програма која ќе му донесе и шест петочни тренинг сесии. Тимот од Гроув веќе потврди дека Расел и Кубица по три пати ќе го отстапат своето место на Т1 во Петок, а Кубица веќе еднаш не се појави во Канада, домашната трка на Латифи.

возбуден сум што ќе можам да ја продолжам мојата формула 1 програма со тимто во франција по успешниот петок кој го имав во канада. монтреал донесе многу позитивни работи за мене и сакам да се надоградам ан тоа искуство и на ле кастелет.

патеката е многу поразлична со помалку ризик додека се вози поради природата на истата, така што тоа ќе ни даде верба да притискам посилно.

исто така ќе биде викенд каде освен формула 1 должностите ќе возам и во формула 2 што е уникатен предизвик. но, јас сум повеќе од подготвен и нетрпелив за тоа – најави латифи,

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ