Латифи добива тренинг во Канада

Резерниот возач на Вилијамс, Николас Латифи ќе добие слободен петочен тренинг за време на Големата награда на Канада.

Канаѓанецот моментално води во Формула 2 шампионатот со ДАМС со три победи на пет трки.

Задоволен сум од двата дена тестирање и со нетрпение го чекам тренингот во Канада кој ќе го добијам од тимот – откри латифи.

Монтреал нема да биде прво официјално учество во Гран При викенд за Латифи бидејќи минатата година тој имаше неколку тренинзи со Форс Индија. Неговата Формула 2 кариера е импресивна и дополнително се шпекулира дека ќе го замени Роберт Кубица во текот на оваа сезона, но тој изјави дека сеуште немал разговори со тимот од Гроув.

Секако моја цел е Формула 1, но мојата програма е фокусирана на Формула 2 во моментов. Тоа е мој приоритет и треба да ја одржам мојата форма и да ја освојам титулата.

Ако го направам тоа, треба да бидам во добра позиција наредната година за Формула 1.

Сезоната сега започна и се може да се случи. Доколку видиме во минатото сите што освоиле титула се во Формула 1. Прво да ја освојам титулата па ќе гледам кон врвот на моторспортот – заврши латифи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ