Латифи кандидат за местото на Кубица

Николас Латифи е сериозен кандидат да го превземе местото на Роберт Кубица во Вилијамс следната 2020 година.

Полјакот се врати во Формула 1 на почетокот на годинава, но има лоши резултати и редовно губи од својот колега. Поради тоа, не е ни чудно што и самиот не знае дали во иднина ќе остане во Вилијамс.

34-годишниот возач има тешка сезона во тимот, но и покрај тоа има поддршка од Клер Вилијамс. Џорџ Расел е потврден за следната година и тој е на повеќегодишен договор со екипата од Гроув.

вилијамс си обезбеди уште една голема вреќа со пари за да може да преживее – напиша шарел јалвинг, новинар кој има силни познавања и врски во формула 1.

Татко на 24-гошниот Николас е Мајкл Латифи, милијардер кој неоадмна купи голем удел во Мекларен. Николас веќе е резервен возач на Вилијамс и имаше неколку петочни тренинг сесии сезонава, се трка во Формула 2 во обид да ги собере потребнтие поени на својата суперлиценца.

на крајот на летото ќе знаеме за неговата иднина – изјави мајкл латифи околу кариерата на својот син.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ