Леклер задоволен од одговорот на Ферари

Шарл Леклер не е во лесна ситуација кога мораше да “се распарава“ со тимски наредби на сите три трки кои сезонава ги извозе за Ферари.

Тој побара одговори од тимот и е задоволен од она што го чул од Ферари, сфаќајки дека ситуацијата во екипата не е воопшто лесна за менаџирање.

Возачот од Монако беше на 3то место во 10от круг кога екиапта побара од него да го пропушти Себастијан Фетел, откако веќе на стартот од трката тргна подобро и го мина колегата. Целта ан Скудерија беше да му се даде шанса на германецот да се доближи до Мерцедес, нешто за што се покажа дека нема сила.

Сепак, промената на позициите го чинеше Шарл време по што тој го загуби 4то место од Макс Верстапен при првата промена на гуми и мораше да се заодовли со 5то место.

јасно е дека веднаш имавме состанок, ситуацијата не е лесна, а јас се мачев со гумите, всушност и себ се мачеше. во тоа време екипата почувствува дека тој е побрз од мене.

но, беше зад мене некое време и ги оштети свотие гуми и кога ме мина со такви гуми не можеше да се доближи до мерцедес повеќе – откри леклер.

Шарл потврди дека е задоволен од одговорите и објаснувањата кои ги чул од тимот по трката.

Да, задоволен сум – кратко и јасно потврди леклер.

По три трки оваа сезона, Ферари заостанува 57 поени зад Мерцедес во борбата кај конструкторите, а Фетел веќе има негатива од 31 поен зад Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ