Леклер задоволен што променетиот пристап му се исплатеше

Шарл Леклер изјави дека бил задоволен по Француското Гранд При поради тоа што промената на пристапот во однос на квалификациите му донело нов подиум во кратката Формула 1 кариера.

Во текот на тркачкиот викенд тој откри дека сфатил оти К3 перформансите се негова слабост и работел да го поправи тоа што донесе до квалификации на 3то место на Пол Рикар на сесија на која неговиот колега се мачеше и успеа да постави само 7мо време.

пресреќен сум затоа што имав тешки викенди минатите недели особено на квалифиакциите. го променив пристапот во франција во однос на сетирањето и се виде тоа е вистинска насока со што сум среќен затоа што гледам дека се исплатеше и донесе резултати викендов.

донесовме нови делови, некои од нив работеа, други не, а мерцедес беа јасно доста подобри нас и мораме во идниа многу да се потрудиме за да ги стигнеме – изјави возачот на ферари.

Тој заостануваше 7 секунди зад Валтери Ботас на 10 кругови пред крајот, но заврши на помалку од секунда зад него откако забрза во последните кругови, а финецот ги чуваше своите гуми кои беа во лоша состојба.

болидот беше одлично, а јас навистина многу внимавав на двата сета гуми пред крајот од трката кгоа имав силни пневматици и можев да притискам и да завршам добраработа. да бидам искрен не мислев да го фатам валтери и можеше да стане доста драматично и да изненадам.

кога видов дека имав простор и повеќе да притиснам кон крајот се обидов да си покажам дека можам да бидам блиску и чекав некаква грешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ