Леклер: Извртувањето на Себ значеше стратешка предност за Мерцедес

Шарл Леклер бил свесен дека по извртувањето на Себастијан Фетел и фактот што останал единствено Ферари на врвот од поредокот, значело дека Мерцедес ќе може да “играат“ со стратегиите за да го поразат.

Германецот се изврте во 6от круг од трката и имаше контакт со Ленс Строл, по што двајцата возачи на Мерцедес немаа да што д асе грижат од позадина. Поради тоа, “сребрените“ ја поделија стратегијата, Луис влезе заедно со Хамилтон по нови гуми и го притискаше кон средината на трката, додека Ботас ја продолжи својата прва серија иа беше брз на крајот од трката, напаѓајќи го Шарл додека беше најранлив.

нашата стратегија беше одлично. јасно е дека не бевме во добра ситуација затоа што имав два мерцедеси зад нас, а јас бев единствено ферари и тие можеа да “си играат“ со мене во однос на стратегиите. беше тешко, но на крајот мислам дека го направивме вистинскиоит избор со хар дкомпонентата – смета леклер.

Шарл смета дека неговиот колегса немал среќа што бил на дното од првата четворка на почетокот од трката затоа што требало да има посилен квалификациски круг. Себастијан беше еден од многуте кој не доби втора К3 шанса поради фарсата на крајот на сесијата.

секогаш е многу полесно да се имаат два болиди при врвот одошто еден. на квалификациите себ навистина немаше среќа, не можеше да комплетира втор к3 круг, а ако добиеше можност сигурен сум дека ќе беше подобар од првиот. ќе биде подобро на следните трки – најави леклер.

Преку тимското радио на Леклер му беше дојавено дека ќе се одработи “план Б“ во однос на стратегијата, а Биното појасни дека тоа едноставно била подолга прва серија. Одлуката да се оди на хард била донесена по анализа на петочните симулации на трка.

деградацијата на крајот на серијата на софт не беше критична, но ја имаше. знаевме дека со хард гумтие ќе имаме подобар ритам кон крајот на трката.

оние кои беа на медиум за втората серија беше јасно дека ќе бидат побрзи, но ќе се мачат при крајот и тоа ни донесе победа. мислам дека изборот беше храбар, но вистински – појасни биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ