Леклер може да го води Ферари како Шумахер

Првиот човек на ФИА и поранешен шеф на Ферари, Жан Тод, го спореди Шарл Леклер со најголемиот возач во историјата на Ферари, Михаел Шумахер. Тој беше на чело на тимот од Маранело во најуспешниот период на тимот предводен од Црвениот Барон.

Менаџер на Шарл е синот на Жан, Николас Тод. Леклер веќе има две победи зад себе на последните две трки на кои освојуваше и пол позиција. По Белгија и Италија многумина сметаат дека Себастијан Фетел повеќе не е “прва виолина“ на екипата од Маранело.

шарл е многу силен ментално. има материјал на голем шампион, има природна дарба да води една екипа како што тоа на времето го правеше михаел шумахер. тој е иднината на формула 1 и на ферари – изјави тод за германски Auto Bild.

Светскиот првак од 1997 година, Жак Вилнев, се согласува со оние кои сметаат дека Леклер има “убиствен инстинкт“ особено по дуелот со Луис Хамилтон во монца.

друг возач би бил казне, но шарл многу добро знаеше дека може да проба многу работи на домашната трка за неговиот ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ