Леклер му завидува на Хамилтон за една особина

За било кој возач на Формула 1 гридот, Луис Хамилрон е врвен Гранд При возач, но Шарл Леклер од Ферари се поистоветува со еден врвен квалитет кај возачот на Мерцедес.

Со 8 победи до сега во 2019 година од 12 трки, Хамилтон се движи сигурно кон својата шеста титула, доведувајќи го во близина на седумте титули на Михаел Шумахер.

Хамилтон покажа и докажа одлични перформанси на патеката благодарејќи на својот талент и способности, а неговата посветеност и амбициите кон неговиот работодавач се неприкосновени.

Но Леклер истакнува еден квалитет кој го има победникот на 81 Гранд При трка кој тој особено го почитува.

Постојаноста. Способноста секогаш да го извлече максимумот. Ментална сила. Секој може да извози добар круг, разликата е во комбинација од многу во моменти кога е важно. Јас тренирам да го надминам тоа.

Не беше лесно да се придружам на голема екипа во само својата втора година во Ф1. Морав да се адаптирам на почетокот, но растев заедно со тимот. Мора да продолжам да се фокусирам кон слабите точки и да се подобрам.

Од лична гледна точка, во Маранело, сите ве познаваат.

Од професионлна гледна точка, тоа ве тера над лимитот, да внимавате на детали што повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ