Леклер најавува дека нема да се меша во политиките на Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, стави јасно до знаење дека нема намера да се вклучува во почитичките игри во Скудерија кога се работи за менаџирање на неговиот однос со колегата Себастијан Фетел.

Младиот возач од Монако е на исто ниво со својот колега по првите седум трки од сезонава, а неколку пати му беа давани и тимски наредби за го пропушта. Последните две трки само стратешките грешки во Ферари му донесоа послаб пласман во однос на колегата.

само ќе си ја работам мојата работа на патеката, задволен сум од себе и смирен и полн со верба во ферари. не сакам политика воопшто, всшуност мразам такви работи. тоа не е мој стил, јас немам пријатели кои сакам само да ги искористам, јас сакам добро и природно пријателство и однос.

Тој смета дека неговиот однос со Себ е силен и покрај тоа што германецот како староседелец во тимот има преференцијален статус како возач број 1.

вистина е дека по бахреин ситуацијата се промени, тимот има многу поголема почит за мене затоа што покажав и докажав дека знам и можам да победувам на трки.

мене ми е сосема јасно дека мора да постои одредена хиерархија во екипа како ферари и исто така ми е јасно дека себ ќе биде ффаворизиран од тимот поради неговото неверојатно искуство и сето она што го има остварено.

јас морам да продолжам со мојата работа и да правам колку што можам помалку грешки. себ во моментов греши помалку од мене – свесен е шарл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ