Леклер нема оправдување за лошиот Петок

Шарл Леклер, победникот на последните два тркачки викенди, имаше тежок Петок во Сингапур, но се надева на подобрувања понатаму.

Првата сесија пред време ја заврши поради проблеми со менувачот што го натера бавно да се довлечка во боксот пред да следува подолга промена. На втората сесија успеа да постави само 6то време со 1,2 секунди заостаток зад Луис Хамилтон, а за тоа го обвинува недостатокот од верба во болидот.

на првата тренинг сесија имавме проблем и пропуштив кругови кои секогаш се многу важни за привикнување на улична патека. на втората сесија едноставно немав верба во болидот, но и патеката, така што треба да го подобрам моето возење утре.

немам проблем, се случувало многу пати да имам лош Петок, не бев онаму каде што сакав да бидам, треба да поработам и се надевам дека утре ќе биде подобар ден – најави шарл.

Запрашан дали недостатокот од самодоверба било поради проблемот кој го имал на првата сесија со менувачот, тој негираше.

дефинитивно недостатокот кругови не помагаат, но тоа не е никакво оправдување. јас вервуам во тоа, знам дека треба да поработам и утре ќе биде подобро.

Мерцедес и Ред Бул изгледаа брзо и моќно на Марина Беј, а Леклер смета дека пред Ферари е голем предизвик да се приближи до своите ривали.

тие изгледаат нависина многу силно и ќе биде тешко да им се доблжиме, но го очекувавме тоа. ќе дадеме се од себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ