Леклер не верува дека Фетел ќе си оди од Ферари

Шарл Леклер се сомнева во пишувањата на медиумите дека Себастијан Фетел ќе го напушти Ферари и ќе ја напушти Формула 1.

Во Австрија, тимскиот шеф Матиа Биното ги негираше шпекулациите, велејќи дека тандемот за следната година е фиксен, иако Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо и Валтери Ботас се споменуваат како можни наследници на германскиот четирикратен првак.

не знам зошто би се откажал. не можам да зборувам во негово име, но мене ми изгледа мотивиран како и секогаш и работи многу напорно за доброто на екипата – изјави шарл за германски Sport Bild.

21-годишниот возач не смета дека неговото присуство и одличните перформанси ќе го натераат Себ да замине од Маранело.

одлично е да се гледа како тој работи. мислам дека супер се носи со притисокот затоа што ако сте ги освоиле сите тие титули како него, притисок секогаш постои. ако го победам не е никаква причина тој да престане да се трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ