Леклер објасни зошто побарал од тимот Себ да забрза

Шарл Леклер објасни дека стравот дека нема да може да го почне својот последен К3 круг на време довело до тоа да побара од тимот на Ферари да му дојават на Себастијан Фетел да забрза во подготовката на летечкиот обид.

Леклер извозе трет круг и ќе стартува од подоброто место во вториот стартен ред, додека неговиот колега Фетел погреши во К3 и имаше сила само за 7мо време.

21-годишниот возач два пати побарал од тимот да му кажат на Себ да забрза, а германецот два пати одговори дека нема намера да ги уништува шансите на својот колега.

немав никаква гриаж дека фетел сака да го загрози мојот квалификациски обид. единствено што помислив е дека ќе биде навистина тесно при почетокот на мојот летечки круг и минувањето на линијата на почетокот од кругот.

поради тоа побарав од тимот да му кажат на себ да забрза за да јас бидам на време на стартно целната рамнина и немав никаква друга причина позади барањето. тој не го загрози мојот квалификациски обид – објасни шарл.

Франција беше втор пат по трката во Бахреин кога Леклер е подобро пласиран на квалификациите од Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ