Леклер одвај чека на повеќе дуели со Верстапен

Нема сомнеж дека пред возачот на Ферари, Шарл Леклер, претстои сјајна иднина во Формула 1 и во која тој сигурно ќе има многу одлични битки со ривалот Макс Верстапен.

Младите момци на челото во Формула 1 имаат ривалство кое датира од нивните денови во картинг, иако Верстапен имаше мала предност при влезот во Ф1 во однос на возачот од Монако.

Откако повторно се на гридот заедно и во конкурентни возачи, тие често се во блиски дуели, што пак е голема забава за фановите, но и забава за самите возачи.

Имавме многу добри дуели во картинг кои не секогаш завршија со добар исход, но беше забавно, добри времиња.

Одвај чекам да се борам повеќе со него. На крајот, поголем дел од кариерите ги поминавме заедно, забавно е што повторно се најдовме себеси заедно во Формула 1.

Додека експертите очекуваат идно ривалство помеѓу Леклер и Верстапен на ниво на ривалства како Сена против Прост, Шумахер против Хакинен или Хамилтон против Розберг (ако последното може да се нарече ривалство), холанѓанецот инсистира дека нивната врска не е повеќе натпреварувачка како што била во картинг деновите.

Се тркаме еден против друг многу силно и секако имавме моменти во картинг. Но мислам дека пораснавме, двајцата сме сега во Формула 1, двајцата го живееме сонот. Се тркаме каде што посакувавме, а кога бевме во картинг, тоа беше нашиот сон.

Ако може да бидете заедно, тоа е неверојатно и имам голема почит кон Шарл. Тој е одличен возач, но не очекувам да се борам само со него. Има многу млади таленти, како Ландо, Џорџ, а можеби и Алекс Албон.

Многумина од младите таленти сега доаѓаат и ако имаат добар болид, тие може да бидат одлични – вели Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ