Леклер: Односот со Себ не е сменет по Италија

Шарл Леклер вели дека соработката и односот со тимскиот колега во Ферари, Себастијан Фетел, не се променила по инцидентот на квалификациите во Италија.

По сесијата на која Леклер стигна до пол позиција, а Фетел успеа да се пласира на само 4то место, германецот истакна дека неговиот помлад колега не го следел договорот пред сесијата за последниот летечки обид во К3.

Фетел го повлече Леклер за најбрз круг во првиот обид, а потоа се очекуваше Леклер да му возврати на ист начин, но драматичниот завршеток го спречи германецот да постави време.

Не сметам дека тоа ја промени нашата соработка. Очигледно имаше сомнеж околу тоа што го направив, но јас објаснив и се е во ред по тој момент.

Целосно сум искрен и секогаш сум искрен, но немаше што да направам поинаку, тоа беше тешка ситуација со голема гужва. Касневме до линијата, но јас немав желба да го уништам вториот обид на Себ.

Победите не го менуваат мојот став. Не знам како изгледа од надвор, но од внатре е тимот и тоа е балансирано.

Имаше ситуации во минатото кога му помогнав на Себастијан, во некои тој ми помогна на мене. Тоа е тимска работа. Тимот прави се за добри резултати и тоа е најважно.

Тука сме да постигнеме најдобри можни резултати, но на крајот јас сум многу среќен со тимот во моментов. Кога сте тимски играч, тоа секогаш се исплати. Ако едниот возач има его и само се грижи за себе, тоа не е добро.

Можеби има ситуации каде гледате на себе, но мислам дека мора да се најде правилниот баланс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ