Леклер откри зошто го игнорирал тимот во Бахреин

Шарл Леклер ги објасни причините поради тоа што одбра да ги игнорира тимските наредби во Ферари за време на трката во Бахреин, откривајќи дека во болидот имал повеќе информации одошто инженерите крај патеката.

Уште пред почетокот на сезоната, тимскиот шеф Матиа Биното најави дека тесните ситуации во тимот ќе бидат решавани со тимски наредби во полз на четирикратниот првак, Себастијан Фетел. Тоа континуирано се случуваше на првите трки, но во Бахреин Шарл одби да го стори тоа што беше побарано од него.

На Шакир Леклер стигна до пол позиција, но имаше лош старт и потоа му беше кажано да остане зад Фете следните два кругови, но тој не послуша.

имаше неколку трки кога тимските наредби беа разумни, но во бахреин сметав дека е подобро да не ги почитувам. во болидот сметав дека имам повеќе информации од инженерите крај патеката и тоа беше моети чувство.

увидов дека имам доволна предност во однос на ритамот, многу брзо му се приближував и добив шанса да претекнам.

на крајот, разбрав дека тие сакаа да извлечат максимум за тимот и целосно ги разбирам нивните сугестии. може да биде многу фрустриачки во болидот понекогаш и поради тоа треба да се остане смирен, а во тоа ми помага и менталната работа која ја правам од почетокот на мојата кариера – појасни возачот од монако.

21-годишниот возач прифаќа дека тимските наредби се дел од спортот и покрај тоа што може да бидат фрустрирачки, но свесен е дека мора да се навикне и да биде мудар прифаќајки ги. Шарл сеуште нема победа од доаѓањето во Маранело, доминираше на Шакир, но моторот му откажа на 10тина кругови пред крајот, а беше најбрз и во Австрија, но Верстапен го мина на два кругови пред крајот. Сепак, тој има две пол позиции во црвениот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ