Леклер предупредува: Мораме да останеме реални

И покрај двете последователни победи на двете последни трки, возачот на Ферари, младиот Шарл Леклер, смета дека екипата мора да остане реална во пресрет на Сингапурското Гранд при.

Возачот од Монако стигна до својата прва победа на белгиска Спа, а победи и на следната трка во Монца покажувајќи ги сите силни страни на СФ90 пакетот на Ферари. Во двата наврати тој имаше и пол позиција, но не сака да се занесува по силниот моментум затоа што не очекува да продолжат во тој стил.

Следува Марина Беј во Сингапур која традиционално бара голема потисна сила во бавните и средни кривини, нешто што е слабост на Ферари сезонава.

мораме да останеме реални. мислам дека очекувавме спа и монца да бидат одлични за нас, но знаеме дека и следните неколку трки ќе бидат тешки за нашиот болид. поради тоа мораме да останеме реални, нема да биде лесно, особено не во сингапур.

мислам дека ќе биде изненадување ако сме подобри од она што го очекуваме, но очекуваме да се мачиме. ќе видиме – објасни леклер.

Италијанците донесоа подобрен мотор за фабричкиот тим во Монца, спецификација која муштериите Хаас и Алфа Ромео ја возеа уште во Белгија, а се очекува подобрување на шасијата на некоја од следните трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ