Леклер: Прецизниот пристап на Себ е лекција

Шарл Леклер вели дека прецизниот пристап на Себастијан Фетел е лекција каде тој може да се подобри во својата иднина во Формула 1.

Леклер стана дел од тимот на Ферари од годинава, како замена за Кими Раиконен, кој пак го превзеде слободното место во Алфа Ромео/Заубер.

Леклер стигна до пол позиција во Бахреин и Австрија, беше многу блиску до својата прва победа во двата наврати и заостанува позади Фетел со 24 поени во првенството.

Учам многу од начинот на кој е прецизен со се што прави со болидот. Тоа е нешто што веднаш го забележав при првичните состаноци по сесиите, а според тоа јас имам уште неколку работи кои треба да ги подобрам.

Леклер смета дека природната еволуција од собирот на поголемо искуство од негова страна помага на тимот со секоја измината трка.

Очигледно учам како да работам со нив. Но и тие учат како да работат со мене, што преферирам генерално, каков е балансот на болидот и како сакам да возам, такви работи. Се подобрува од трка до трка.

Напредокот на Шарл беше пофален и од тимскиот шеф на Ферари, Матија Биното.

Шарл, ова е негова прва година во Ферари со многу голем притисок. Тој направи неколку грешки, но секогаш сака да научи од нив и да не ги повтори. Ние сме многу среќни со неговата интеграција во тимот и напредокот кој го прави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ