Леклер се сомнева дека ќе има сила да го предизвика Мерцедес

Шарл Леклер верува дека Мерцедес се многу силни во однос на ритамот на трка и дека нема шанса да ги предизвика и нападне на утрешната трка по Пол Рикар.

Италијанскиот тим сеуште нема победа оваа тркачка сезона, а Мерцедес доминираше во 1-2 стил на сите тренинг сесии вклучително и квалификациите. Луис Хамилтон стигна до пол позиција пред својот колега Валтери Ботас, додека Шарл беше единствен кој колку-толку беше закана за “сребрените стрели“.

ќе биде многу тешко поради нивниот тркачки ритам кој го видовме во петок и изгледаше многу, многу силен. добриот старт ќе биде многу важен, а потоа ќе видиме што ќе се случи. јасно е дека ако сум понапред на стартот ќе ми биде полесно, а овој пат ќе ми треба навистина многу за да нападнам – свесен е леклер.

Леклер во последно време изјавува дека е свесен за својот недостаток на перформанси во последниот квалификациски сегмент, а денешните квалифкации и предноста во однос на својот колега става јасно до знаење дека работел на тоа.

свесен бев дека моја слаба точка последните неколку трки е што не го оптимизирав болидот за последниот к3 сегмент и напорно работев да го поправам тоа. навистина сум задоволен што овој викенд сеп одобрив.

мојот последен круг беше добар, имав фино чувство, иако ветерот од к2 до к3 беше навистина многу различен и беше тешко затоа што губев време на 8от и 9от свиок, но освен тоа болидот се чувствуваше добро во прав момент.

среќен сум и задоволен, заостатокот е голем и треба да работиме на трката, но ќе биде возбудливо – најави шарл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ