Леклер: Спа ја покажува вистинската брзина на Ф1 во свиоците

Шарл Леклер верува дека Спа Франкошамп е “најубава“ патека во Формула 1 календарот.

Белгиското Гранд При ќе ја започне втората половина од трки која завршува во Абу Даби во Деќември, а Леклер цели на својата прва победа откако стигна до истата неколку пати досега.

Леклер вели дека враќањето на трките по летната пауза во Спа го прави враќањето уште подобро.

Спа е една од најдобрите трки во светот и една од најубавите на која се тркаме во Формула 1. Поради тоа тркањето по летната пауза е уште повеќе возбудливо.

Секогаш е импресивно кога сфаќате колку брзо возите со Ф1 болидите во свиоците, а таа перцепција не е очигледна на ниту една друга патека.

Особено на искачувањето во О’Руж. Првиот пат кога ќе го погледнете, сфаќате колку е тесно и нагло. При суви услови, се вози под полна гас, особено при првите неколку кругови. Физички бара многу.

Со секој изминат круг, вратот се навикнува, вашиот мозок ги прима сите податоци и станува свиок како секој друг. Се обидувате да го извлечете максимумот, но сепак е уникатен дел од патеката.

Има и други клучни моменти на Спа, поради што е важно секој сектор да се извози правилно за најдобри перформанси во првиот квалификациски круг.

Особено бидејќи кругот е мошне долг и ако мора да се откажете, тоа ќе влијае над вашите времиња во таа сесија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ