Леклер: Фокусот мора да биде кон формата во трка

Шарл Леклер се надева дека Ферари ќе продолжи да се подобрува со цел да биде предизвик на Германското Гранд При, но истистира дека нивното главно подобрување мора да биде во формата на трка, наместо во квалификации.

Мерцедес и Луис Хамилтон моментално имаат драстична предност во првенството, со 164 поени пред Ферари. Скудерија сеуште нема победа сезонава, а Макс Верстапен е единствениот возач кој досега успеа да ја прекине нивната серија.

Леклер смета дека и Ферари може да конкурира, доколку ја одржат моќта во текот на целиот викенд.

Одвај чекам на Хокенхајм. Во изминативе неколку викенди, направивме прогрес во квалификациите. Сега треба да се фокусираме на формата во трка бидејќи таму се мачиме во моментов.

Што се однесува до патеката, има некои интересни карактеристики со мешавина од поинакви свиоци и правци. Последната трка беше многу возбудлива, така што се надевам дека ќе имаме добра трка во Германија и ќе бидеме во можност да се бориме за победа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ