Леклер ја спушта топката: Сеуште му верувам на Фетел

Шарл Леклер откри дека сеуште целосно му верува на својот колега од Ферари, Себастијан Фетел и смета дека мора да продолжат да си веруваат по контроверзиите од Руското Гранд При.

Германецот Фетел ја почна трката од 3то место зад освојувачот на пол позиција Шарл Леклер и актуелниот лидер Луис Хамилтон, но до втората кривина ги превзема тие две позиции и ја превзеде контролата над трката.

Контроверзиите почнаа кога преку тимското радио му беше кажано на Фетел да го пропушти Леклер согласно договорот од пред трката, но Себастијан одби да го направи тоа, на што Шарл секако дека беше лут. Скудерија одбра порано да го внесе по нови гуми младиот возач и на тој начин да ги изротира позициите на своите пилоти, но во таа “егзибицина“ како да не забележаа колку се блиску возачите на Мерцедес.

сеуште имам верба во фетел, всушност ништо не е променето и мораме јас и себ да си веруваме меѓусебно. мислам дека тоа е многу важно и многу корисно за тимот во некои ситуации, да знаете дека можете да сметате на вашиот колега и обратно – изјави леклер.

Пред промената на гуми која ја изврши во 22от круг, Шарл преку тимското радио зборуваше дека то го одработил својот дел од стратегијата, го повлекол и забрзал својот колега и сака да биде испочитувано и останатото.

се е како што треба, се беше испочитувано.

на почетокот јас очигледно останав во лево за да го повлечам себастијан и знаев дека ќе ме мине, сите во тимот го знаевме тоа и потоа сакавме да ги промениме позициите, но тоа го направивме при промената на гуми подоцна во текот на трката – појасни леклер.

Притиснат од страна на новинарите да објасни дали договорот бил да се држи на левата страна на придодот до втората кривина и да не се бори со Фетел за да му овозможи да го мине Хамилтон, тој потврди:

ако луис и себ беа еден до друг секако дека ќе му дадев предност на себ, не на луис, што е нормално, тоа се договоривме.

Младиот возач потоа понуди и свое видување во врска со тоа зошто неговиот колега ги игнорирал тимските наредби:

имаше безбедносно возило на почетокот на трката и беше тешко да промениме позици. се обидов да останам колку што можев поблиску во текот на 2-3 кругови, но потоа стануваше се потешко да го следам особено во првите два сектори каде гумите пререваа и јас заостанував.

потоа, како што реков преку радиото, иамв целосна верба во тимот да го направат тоа што го договоривме пред трка. тоа го направија при променаа на гуми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ