Леклер ќе учи менаџирање на пневматиците од Фетел

Шарл Леклер смета дека треба да научи подобро да се справува со деградацијата на пневматиците за да се изедначи со Фетел, кој тој смета дека е подобар од него при стратегиите.

Возачот од Монако водеше пред својот тимски колега во поголемиот дел од Унгарското Гранд При, но беше претекнат од германецот во последните кругови кој застана на третото место на подиумот.

Леклер знае дека менаџирањето мора да го подобри бидејќи тоа е главната причина зошто Фетел лесно можел да го претекне.

Да, пневматиците се трошеа. Влеговме премногу рано во првиот стинт, најмногу бидејќи се мачев со гумите. Потоа во вториот стинт при крајот, почнав да се мачам повторно со задните.

Себ дефинитивно прави нешто подобро од мене, во долгите стинтови кога има деградација.

Така што, треба да разберам како го прави тоа и да се подобрам. Стратегијата ја адаптиравме на моите потреби, неможев да возам повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ