Либерти сака моќна американска екипа

Либерти Медиа сакаат да ја зголемат попупарноста на Формула 1 во Соединетите Американски Држави и сметаат дека моќна американска екипа многу ќе им помогне во тоа.

го имаме хаас како единствен американски тим и јас би сакал уште една моќна американска екипа на гридот. секако дека подоцна би сакале и американски возач, но за тоа е потребно време – најави чејс кери.

Приоритет за Чејс во однос на Северна Америка дефинитивно е додавање на втора трка во најкус можен рок.

веројатно дека прв чекор е додавање на трка во некој град како мајами или лас вегас – посакува кери.

Плановите за трка во најголемиот град на Флорида веќе некое време се актуелни, но се наиде на многу пречки од локалното население.

вклучени сме во некои процеси таму од лани и мислам дека добро напредуваме. продолжуваме да работиме на трка во америка, имав состаноци таму минатата недела и мислам дека е важно да напредуваме.

Тој објасни дека интересот за ширење на спортот кон САД е поради големиот потенцијал на тој пазар.

јавно кажуваме дека бараме нови можности во америка. нашата телевизиска публика одлично расне таму годинава. дигиталните медиуми позитивно не изненадија затоа што пред неколку години го немавме тоа. има уште многу фанови кои не се вклучени во спортот и возбудени сме преку различни можности да ги вклучиме и нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ