Лутиот Стаинер: Двајцата ќе имаат проблеми

На тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, “му е гајле“ кој е виновен за сударот помеѓу неговите двајца возачи, смета дека тоа е неприфатливо и двајцата ќе си имаат проблеми и ќе сносат последици.

Ионака лошата сезона на американската екипа стана уште полоша откако двајцата возачи имаа добар контакт во првиот круг од трката во Силверстон по што мораа да менуваат гуми кои контактот ги оштети. Но, тоа не го реши проблемот и болидите беа повлечени во 8от односно 9от круг од трката.

Стаинер беше бесен:

двајцата ќе си имаат проблеми. ова е неприфатливо. бев јасен по барселона што и како треба да не се прави.

ионака сме во тешка ситуација за да го поправиме болидот на патеката и ова беше шанса каде долгите серии изгледаа доста солидно. потоа тие се судрија еден во други на 5та кривина од првиот круг. не може така.

Темпераментниот Гунтер не им дал шанса на возачите да се искажат по трката.

тие не кажаа ништо, јас бев тој што зборуваше.

не треба многу време да се објасни нешто вакво на возачите. може да се каже многу, но може и со неколку зборови да се искаже мојата разочараност.

сите работат напорно да се извадиме од проблемите во кои се наоѓаме. тие имаа шанса да стигнат до поени или барем да научат нешто од оваа трка која навидум ни одговараше.

ни ми треба никакво објаснување од нивна страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ