Магнусен: Викендот ми беше уништен по излетувањето на квалификациите

Кевин Магнусен изјави дека им покажал на сите што не треба да се прави и дека тоа излетување на квалификациите било срамно. Данецот беше елиминиран рано во квалификациите во Недела наутро откако го загуби задниот дел во последната шикана.

Хаас успеаа да го поправат болидот на време и да наместат нов менувач за да бидат подготвени за трката, но Магнусен заврши на 17та позиција. Според него, Ветерот придонел за излетувањето на квалификациите.

Бев под полна сила таму и тогаш се извртев што беше срамно, Но се случува. Мислам дека и во трката имав некој проблем. Тоа беше во првиот круг и не очекував да има толку ветрови во задниот дел. Тоа им покажа на сите што да не прават.

За него трката била релативно среќна откако тој стартуваше од 19та позиција и дојде во еден момент до 11то место. Со само два пласмани во поени на последните 12 трки и уште четири трки до крајот за него ова е уште една пропуштена шанса. Не ни успеа со боксовите и со стратегијата.

Беше лошо во однос на гуми и темпо, но не беше како на претходните трки кога беше безнадежно. Доколку средевме се на време и стартував од каде што требаше, ќе бев во подобра позиција и со добра промена на гуми и стратегија ќе освоев поени. Ова е фрустрирачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ