Магнусен: Во 2014 требаше да дебитирам со Форс Индија

Кевин Магнусен откри дека неговата дебитантска сезона во Формула 1 во 2014 година требало да биде со Форс Индија, со кои тој имал договор со ракување, а не Мекларен.

Како јуниор на Мекларен, Магнусен ја освои титулата во Формула Рено 3.5 серијата во 2013 година и беше подготвен за промоција од страна на извршниот директор на Мекларен, Мартин Витмарш, но не со екипата на Вокинг.

Јас мислев дека одам во Форс Индија. Немав договор, но имавме ракување со кое мислев дека ќе се тркам за Форс Индија, а Мекларен ќе ги снабдува со делови.

Тоа ќе беше договор преку кој Мекларен ќе ме стават во Форс Индија неколку години, а потоа ќе ме земат во тимот. Но Рон Денис дојде откако Витмарш си отиде и тој сакаше да смени многу работи, а јас бев една од тие.

Магнусен започна со работа од првата трка, со подобри перформанси од Џенсон Батон на првата трка во Австралија на која заврши на подиумот, а потоа го наследи и второто место, откако Даниел Рикардо беше дисквалификуван. За жал, данецот стигна до топ 5 финиш само еднаш во таа сезона.

Го добив местото наместо Перез и очигледно бев прилично среќен со тоа, но наредната година Форс Индија завршија со три или четири подиуми, а јас имав само еден.

Немаше да биде лошо ако заминев во Форс Индија, но јас очигледно бев среќен. По таа сезона, тимот требаше да гласа и знаев кој ќе гласа за мене, а кој не.

Јас имав 7 гласови од вкупно 9, додека Џенсон доби 2, но тие два гласа беа на сопствениците, Мансур и Бахреин и тоа беше доволно.

Тие се бореа со Рон често и мислам дека сакаат да го за***т Рон и за се што тој правеше, тие беа против.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ