Магнусен: Вратете ја Ф1 во Нордшлајфе

Тоа е неверојатно сценарио, но Кевин Магнусен целосно би ја прифатил можноста да се трка со Ф1 болид на незаборавниот Нордшлајфе дел од Нирбургринг.

Во интервју за германскиот Auto Motor und Sport, Магнусен, чиј татко Јан се тркаше во Ф1 во 1997 и 1998 годиан, призна дека има голем интерес за историјата на Формула 1.

Возачот на Хаас откри дека ако може да се врати назад во времето, тој би ги избрал раните 1970ти како совршен период во кој би се натпреварувал.

Особено ми се допаѓа периодот на раните 70ти, Формула 1 беше сеуште нешто ново во тој период. Беше чист спорт. Во тој период беше потешко за возачите. Денес се е толку совршено.

Се размислува на секоја мала ситница. Се е толку безбедно. Не велам дека безбедноста е лоша. Но тоа исто така има и негативен ефект.

Би сакал да имаме подобри патеки. Има толку многу одлични патеки ширум светот кои би донеле многу повеќе забава.

Не ме сваќајте погрешно. Веќе имаме добри патеки на календарот, но некои не се најдобрите во светот.

Запрашан дали би сакал Ф1 да се врати на Нордшлајфе во Нирбургринг, патека која е долга 22,8 километри кога Ф1 се тркаше во 1976 година, Магнусен многу јасно го кажа своето мислење:

Да, веднаш би се појавил таму. Треба да го направиме тоа!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ