Магнусен: Немам ништо против Хулкенберг

Кевин Магнусен тврди дека нема ништо лично против Нико Хулкенберг и покрај нивниот тензичен однос.

Двајцата возачи имаа контакт во 2017 година на Унгарското Гранд При, по кој данецот му кажа на Хулкенберг “да му ги лиже ј*****а“.

Ние сме конкуренти на патеката и не сме пријатели. Секако дека имам голема почит за неговите возачки способности. Тој е многу талентиран и комплетен возач. Навистина немам ништо против него.

Сите овие прашања и фактот што сеуште се повторуваат после толку време, покажува што не чини со медиумите денес, но разбирам зошто.

Двајцата возачи може да се случи да бидат колеги од наредната сезона, откако Хулкенберг беше поврзан со Хаас како замена за Роман Гросжан, а Магнусен тврди дека и тој и Нико ја надминале расправијата.

Луѓето ги читаат тие вести, да не бев снимен од камерите, јас и Нико немаше воопшто да помислиме на тоа денес. Се претерува. Мојот последен збор е дека имам голема почит кон Нико и дека лично немам ништо против него. Како личност, не го познавам, но не сум слушнал некој да каже нешто лошо за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ