Магнусен не го разбира слабиот ритам на трка

Фрустрираниот Кевин Магнусен откри дека Хаас треба да разберат што се случува со нивниот ритам на трка по уште едно лошо издание, овој пат во Кина.

Двајцата возачи на американската екипа се квалификуваа во К3, Магнусен на 9то, Гросжан на 10то место, но ритамот драстично им се влоши во текот на трката, данецот заврши на 13то место, две позизции зад Роман.

денеска немав ритам и мораме под итно да поработиме на тоа. квалификациите ни се секогаш добри, но мораме да го решиме проблемот со тркачкиот ритам затоа што тогаш се освојуваат поени – реален е к-маг.

Данецот призна дека нема поима каде им исчезнува ритмот со кој освојуваат добри позиции на квалификациите.

мораме да рбаотиме во тој дел. навистина во моментов не знам, мораме да разбереме, а не е лесно. фрустрирачки е што имаме добар болид на квалификации, но таа позиција не можеме д ја конвертираме во поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ