Магнусен останува збунет од стјуардите

Кевин Магнусен откри дека останува збунет од одлуката на стјуардите кои го казнија на Руското Гранд При затоа што сеуште смета дека не погрешил ништо.

Данецот доби казна од 5 секунди во Сочи поради тоа што не поминал прописно лево од двете поставени столбчиења надвор од 2та кривина на патеката при борбата со Серхио Перез од Рејсинг Поинт. По трката изрази незадоволство од одлуката, а многу пожесток во својата реакција беше неговиот шеф, Гунтер Стаинер.

Во Јапонија тој е посмирен околу инцидентот, но сепак вели дека останува разочаран од тоа што с еслучило затоа што не прекршил никаква инструкција во однос на тоа што требало да се направи при излетување. Поради тоа што тој го минал врвот на кривината и минал преку тротоарот, насоките пред трката не се однесуваат на таков вид на излетување, туку само на случај во кој кривината воопшто нема да биде “фатена“.

ни беше кажано една работа, а јас не погрешив согласно тие инструкции за да ми биде дадено казна. ни дадоа насоки дека ако отидеме целосно лево од првит еелементи тогаш треба да минуваме околу конусите за да минеме без казна, но јас минав преку тротоарот. тоа не е никаде на пишано и поради тоа се обидов да минам на тој начин и мислам дека не погршив – појасни повторно магнусен.

Данецот изјави дека се обидел да им објасни на стјуардите на ФИА преку радиото дека дал се од себе да мине лево од поставените столбчиња, но аголот бил невозможен за да ги испочитува насоките. Сепак, Кевин смета дека стјуардите биле нетрпеливи да му дадат казна наместо да испитаат се што се случувало.

им кажав дека се обидов да минам како што треба, но не успеав. тие ги смислија правилата и треба да анализираат што ни кажале, ако минете целосно во лево по првиот портокалов тротоар, мора да минете околу конусите, но јас не минав таму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ