Магнусен: Перез знае дека е виновен

Кевин Магнусен смета дека неговиот конкурент Серхио Перез е свесен дека е виновен за нивниот контакт за време на втората тренинг сесиај во Сингапур и ги отфрли обвинувањата дека прекршил џентлменски договор.

Данецот беше притиснат до ѕидот од Рејсинг Поинт болидот на Перез, кој потоа доби опомена од стјуардите за непотребно бавно возење на начин на кој бил опасен.

разговаравме со стјуардите, разговаравме и еден со друг потоа затоа што едно се кажува кај сстјуардите, а друго помеѓу нас, односно вистината.

не ми е грижа и не сакам да кревам прашина, нема да се жалам до стјуардите за казна или нешто слично кое немаше никакви последици за мене – откри магнусен.

Серхио бил свесен дека го има Магнусен зад себе, но забавил затоа што добил информација дека Мерцедесот на Валтери Ботас забавува пред него како подготовка за својот летечки круг. Магнусен од своја страна добил информација дека разликата со Чеко му е добра, но забрзал и се залепил до мексиканецот затоа што се плашел да не го престаса некој од позадина.

мислев дека влегува во гаражата или ме пропушта и поради тоа стиснав на гас, бв на спротивната страна од него кога тој ме блокираше и јас удрив во ѕидот.

не ја знам неговата перспектива, можеби ненамерно ја напуштил својата линија на движење, можеби затоа што бил фокусиран на друго место, но секако ја напушти својата траекторија. јас останав на линијата и стиснав на педалот за гас за да го започнам својот летечки круг кога бев истуркан во ѕид.

Во врска со џентлменскиот договор кој Магнусен беше обвинет дека го прекршил, тој откри:

не се напаѓа тој што е пред вас. сепак, тој се помести настрана и јас сакав да минам, сигурно дека не требаше да го прашам што сака да прави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ