Магнусен сака повеќе улични трки

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, изјави дека сака повеќе улични трки во календарот, наместо наменски градени тркачки патеки.

Уличните трки не се многу популарни во Формула 1 затоа што често знаат да бидат здодевни без претекнувања поради специфичноста на локациите. Но, данецот е еден од малкумина возачи кои сакаат повеќе да се трка во град затоа што смета дека таквиот предизвик е поголем.

лично сакам улични патеки. би сакал повеќе такви во календарот затоа што сметам дека е повозбудливо и попредизвикувачки затоа што има помала можност за грешка. општо гледано уличните патеки не дозволуваат грешки – смета магнусен.

Зборувајќи за следната трка во календарот, Сингапурското Гранд При, тој додаде:

тоа е навистина физички тешка трка од неколку причини. Прво, многу е ропло, второ не се одмарате во ниту еден круг туку константно работите со воланот, нема ниту еден правец каде може да се опуштите. трето затоа што просечната брзина по круг е многу ниска, трката трае околу два часа и бара многу физичка издржливост од возачот. но, јас нормално се подготвувам за тој настан.

исто така исцрпува и ментално, треба целосен фокус на сите во тимот, можеби и поголем од вообичаено затоа што константно сте во некоја кривина. физичката и ментална страна одат заедно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ