Магнусен се извинил на сите во тимот за радио коментарите

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека промените во сетапот на болидот на Кевин Магнусен не ги донеле посакуваните резултати, додека данскиот возач се извини за кажаното преку тимското радио.

Кевин имаше судар во К2 на квалификациите и мораше неговиот болид буквално од ново да биде составен во текот на ноќта, по што следуваше старто од боксот. 26-годишниот возач се мачеше со ритамот, а ВФ19 болидот преку радиото го опиша како “најлош кој некогаш го возел“.

По трката, Гунтер Стаинер ја откри причината за лошиот ритам, додека возачот се извини на тимот за радио коментарите.

при составувањето на болидот на кевин се обидовме да направиме нешто поинаку затоа што можевме да си го дозволиме тоа со старт од боксот. очигледно тоа што сакавме да го постигнеме не го добивме. сега знаеме и научивме.

се работеше за свесен избор, но не сметавме дека тоа ќе ја влоши состојбата на болидот, моравме да се обидеме да го подобриме пакетот, но не успеавме.

магнусен се извини на сите за коментарите преку радиото и тоа е завршена приказна. сите се фрустрирани, момците работеа неуморно до рано наутро, но тоа ги мотивира и нема потреба да зборуваме колку бил лош болидот затоа што сите дадоа се од себе.

она што не сакав да се случи е момците да се “дотепани“ повеќе одошто всушност се. по трката кевин им кажа дека не сакал никого да криткува туку само да ја објасни ситуацијата во која беше, а таа беше лоша. тој не сакаше да обвинува никого.

кога сте на другата страна на радиото тоа не го знаете. можеби јас по малку ја разбирав неговата фрустрација, но момците не, затоа што не ја знаат целата приказна. им се извини на сите, што е нешто што го прават возрасни и свесни луѓе – открива гунтер стаинер.

Магнусен признава дека било тешко да ги контролира своите емоции откако верувал дека ќе има добар резултат по квалификацискиот дебакл и потенцираше дека фрустрациите прозлегле од гумите на Пирели.

имаме одличен болид кој е фантастичен на квалификациите и сметам дека можеме да се бориме со било кој од средината. многу пати сезонава бевме најдобри од останатите и поради тоа ми беше тешко да ги контролирам емоциите во ситуација како на трката.

немав ништо против тимот во радио коментарите затоа што тие напрвија неверојатна работа викендов. јас погрешив на квалификациите, а тие успејаа да го состават болидот буквално од нула и да го подготват за трка.

имаме гуми кои никако не сакаат д проработат на трка за нас. малку е да се каже дека сум разочаран затоа што знам дека и сите во тимот се чувствуаат така. заслуживме многу повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ