Магнусен: Стаинер добро направи што ме замолчи во Канада

Кевин Магнусен призна дека неговиот тимски шеф, Гунтер Стаинер, бил во право кога го спречил да “полуди“ по тимското радио на Канадското Гранд При.

Откако Магнусен истакна преку тимското радио дека возењето на неговиот болид било “најлошо искуство“ во животот, Стаинер интервенираше и му порача на данецот дека “доста е доста“.

При враќање во боксовите по крајот на трката, Магнусен се извини по тимското радио до неговите механичари, поздравувајќи го нивниот напор за да го поправат болидот по неговиот судар во квалификациите.

Тој не ме од***а, треба да го слушнете кога го прави тоа. Мислам дека Гунтер ме познава прилично добро и не се жалам премногу често. Кога го правам тоа, тоа значи дека сум многу, многу фрустриран.

Тој го знае тоа и мислам дека постапи правилно што ме замолче за да не полудам. ЌЕ го изедев управувачот. Многу сум лош во такви моменти. Бевме безпомошни и најдобро беше да се заврши трката и по тоа да се дискутира.

Сфатив дека мојата порака звучеше многу понавредливо кон тимот, одколку што сакав. Претпоставив дека луѓето знаат дека имаме добар болид и единственото нешто што не спречува е проблемот со пневматиците.

Бев многу фрустриран и добро беше што ме замолчеа. Немаше да кажам ништо лошо за тимот или за болидот. Само бев нервозен и се чувствував како да умирам во тој момент. Не верувам дека требаше да ме замолчи, но постапи правилно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ