Магнусен “удри“ по возачите кои сакаат помала потисна сила

Возачот на Хаас, Кевин Магнусен, изјави дека возачите кои сакаат помалку потисна сила, се неспособни да возат толку брзи болиди.

Денешната генерација Формула 1 болиди се покажа способна да руши рекорди на патеките и покрај тоа што пред почетокот на сезоната се сметаше дека новите аеродинамички правила ќе ги забават болидите.

Во 2021 година ќе има целосно нови правила и нов Конкорд договор помеѓу екипите, а целта е да се зближи поредокот и да се зголеми конкурентноста. Но, данецот е противник на забавување на болидите за таа цел.

оние возачи кои сакаат помалку потисна сила го посакуваат тоа затоа што не може да ги возат овие брзи болиди. тие сакаат да се вратат во времињата кога биле подобри, но тоа е нивни проблем затоа што никој не сака бавни болиди. мислам дека може да имаме повеќе коњски сили од моторите затоа што нивото на грип е неверојатно.

возење на овие болиди е феноменално, нема ништо подобро на целиот свет. кога имате ниско ниво на гориво и нови гуми, кога сте на квалификации, чувството е лудило. ако на тоа се додадат и повеќе коњски сили и можност полесно да се следиме ќе биде неверојатно – смета магнусен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ