Мазепин му врати на Марко поради “просечноста“

По скорешниот тест во Барселона по крајот на Шпанското Гранд При, доктор Хелмут Марко од Ред Бул изјави дека болидот на Мерцедес е толку силен што дури и второкласен Формула 2 возач како Никита Мазепин, имал најбрзо време на денот.

Никита е син на Дмитри Мазепин, руски богаташ чија компанија Ураклали беше во најтесен избор за превземање на поранешна Форс Индија.

Запрашан да даде свој коментар на тврдењата на Марко, Мазепин за руски Championat изјави:

воопшто не се најдов засегнат затоа што во моторспортот секогапш има многу различни мислења.

како второ, немам за што да се навредам затоа што кога екипа е многу полоша од онаа за која ја тестирав, нормално е да се жалат на мене, не е воопшто чудно.

мислам дека екипа од која излегуваат такви кометари треба повеќе да поработи за да го подобри својто болид одошто да обрнува внимание на мене – заврши мазпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ