Мазепин со успешен тест за Мерцедес

Формула 2 возачот, Никита Мазепин, уживал во неверојатен тест на патеката Барселона-Каталуња, каде младиот русин покажа импресивни перформанси со Мерцедес.

Мазепин, кој моментално е во приватна тест програма со германската екипа, доби шанса да вози цел ден на тестот со В10 болидот.

20-годишникот ја помина целата програма и го постави најбрзиот круг во завршницата од тестот.

Денес беше неверојатно. Да се биде дел од овој тим, дури и само за еден ден, е многу посебно чувство за мене. Сон е на секој млад возач да вози ваков болид и денес мојот се исполни. Навистина сум среќен.

Денот беше успешен на патеката, собравме многу податоци, немавме проблеми и можев да покажам постојаност во текот на целиот ден. Во попладнето бевме конкурентни и болидот беше одличен. Секој во тимот работи многу напорно и може тоа да се почувствува преку болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ